Бебе пронајдено како живо плови по ледено езеро: Таткото ја признал страшната тајна
Шестмесечно бебе е пронајдено живо како лебди во езеро во северозападниот дел на Мисури, неколку минути откако нејзиниот татко наводно признал во полиција дека се обидел да го удави.
Бесчувствителниот Џонатан Зикарели (28) во понеделникот наутро влегол во полициската станица Гринвуд и им рекол на службениците дека се обидел да ја удави својата ќерка, стои во извештајот на полицијата.
Зикарели наводно им рекол на истражителите дека измислил план за убиство 24 часа претходно зошто бил „под стрес“ поради празниците и сакал да и ги олесни работите на својата сопруга.
Двајца полицајци се испратени на езерото и за неколку минути го пронашле девојчето како лебди со лицето во студената вода и кое изгледало како „кукла од порцелан“, рече шефот Грег Халгримсон.
Бебето брзо е извадено од езерото и било во состојба на шок, но полицаецот брзо и дал вештачко дишење и тоа почнало да дише. Полицајците му ја соблекле влажната облека на бебето, а Халгрисом ја замотал жртвата во маичка која ја соблекол од себе за да и помогне да си ја врати топлината.
Полицијата проценила дека била под вода од 5 до 7 минути и рекла дека во нејзината уста имало трева, во очите кал, а во белите дробови вода. Бебето е доведено во болница каде е лекувано од тешка хипотермија, а сега е во добра состојба. Полицајците велат дека е вистинско чудо што останало живо.
Зикарели е обвинет за напад, а обвинителот побарал неговата кауција да се одреди на 500.000 долари. Заповедникот Ерон Фордам рече дека во „исповеста на таткото“ немало никакви емоции.
Според зборовите на истражителите, Зикарели рекол дека смислил пран да ја убие својата ќерка 24 часа претходно, и дека го паркирал автомобилот и тргнал кон езерото три пати за да утврди дали може да ја удави својата ќерка. Опишал дека бебето го ставил во вода и гледал како тоне пред да си замине.