Германија нема да го суди чуварот на нацистички логор поради влошеното здравје

Германскиот суд денеска објави дека нема да го суди поранешниот чувар на нацистичкиот логор Мајданек во Втората светска војна поради неговата здравствена состојба.

Судот изнесе мислење дека неменуваниот сега 97-годишен маж е премногу болен за да присуствува на судските сесии, објави агенцијата АП.

Тој е обвинет дека како чувар во логорот Мајданек во Полска учествувал во убиства извршени од август 1943. до јануари 1944. година.

Клучниот дел од обвинението против него е тоа што е осомничен дека присуствувал на убиствота на најмалку 17.000 еврејски затвореници на 3. ноември 1943 година, за време на операцијата „Ернтефест“.

Треба да знаете
Последни објави