Градоначалникот Смилевски на работна средба во Општина Бујановац

Градоначалникот Смилевски на работна средба во Општина Бујановац

На ден 18.12.2018 година, Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски заедно со преставници од одделението за јавни дејности од општината, одржа работна средба со Градоначалникот на Бујановац г-дин Шаип Камбери.

На средбата беше дискутирано за можна прекугранична соработка,проекти и како и размена на квалитетни искуства од функционирањето на двете општини.

Во рамките на оваа посета, Градоначалникот Смилевски присуствуваше на свеченото одбележување на 18-годишното функционирање на владиното координативно тело на Р.Србија за општините Прешево, Бујановац и Медвеџа, на која што учениците од од основните училишта на овие три општини преку игра,ги пренесоа своите пораки до присутните градоначалници и преставниците од Владата на Р.Србија.

Треба да знаете
Последни објави