Ливерпул тргнува по потписот на ѕвездата на Наполи?

Фудбалерите на Ливерпул засега играат одлично во Премиер лигата, но сепак клубот од „Енфилд“ ќе се обиде да доведе уште неколку играчи во јануарскиот преоден рок.

Како што стојат работите, најверојатно до крајот на сезоната ќе гледаме голем дуел помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, па токму поради тоа Клоп сака да го засили својот тим во пресрет на решавачкиот дел од сезоната.

Наводно Ливерпул ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го доведе Лоренцо Инсиње од Наполи, а англискиот клуб веќе имал подготвено астрономска понуда за Италијанецот.

Инаку, Лоренцо Инсиње оваа сезона на 15 натпревари во Серија А има постигнато седум погодоци и пет асистенции, а веќе неколку сезони по ред е меѓу најдобрите фудбалери во таборот на Наполитанците.

Треба да знаете
Последни објави