Поранешниот американски претседател Барак Обама, облечен како Дедо Мраз, ненајавено ги посети децата во една болница во Вашингтон.
Тој ги разведри лицата на болните дечиња и им подели подароци.
„Само сакам на сите да им се заблагодарам. Имав можност да разговарам со прекрасни деца и со нивните семејства. Како татко на две девојчиња, можам да претпоставам дека во оваа ситуација е најважно да имате лекари и сестри кои се грижат за вашите најмили, бдеат над нив и ги држат за рака“, изјави Обама.
Судејќи по гласниот аплауз на насобраните луѓе во болницата, популарноста на поранешниот претседател сè уште не е намалена меѓу народот.