Полицајци ограбиле ограбен банкомат

Двајца хрватски полицајци се уапсени поради кражба на пари од банкомат во Истра, јавуваат тамошните медиуми.

Според истарската полиција, двајца нејзини службеници биле уапсени денеска поради сомневањата дека учествувале во грабеж на ограбен банкомат, во октомври годинава.

Тие дошле на увид на местото од кое бил разнесен банкоматот и ги зеле парите кои крадците ги оставиле.

Ограбувачите на банкоматот, кои го разнеле со екплозив, се уште не се пронајдени.

Треба да знаете
Последни објави