Полицијата ги пронајде крадците кои украдоа куќа во Хрватска

Хрватската полиција го реши случајот со кражба што се случи во во Петеранeц, недалеку од Копривница, кога сопственик пријавил дека му исчезнала куќата.

Монтажната куќа од дрво и цигли била во изрдаба и безмалку довршена, но крадците ја размонтирале речиси до темел, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Полицијата набрзо ги пронајде крадците. Се работи за 30-годишно и 41-годишно лице, кои се приведени.

Штетата беше проценета на 1.350 евра.

Треба да знаете
Последни објави