Путин: Како пристоен човек и јас еден ден ќе се оженам

Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин обично е приватна работа. За време на денешниот годишен настан, на кој Путин одговара на новинарски прашања, тој малку се отвори и му порача на еден новинар, дека како пристоен човек и тој еден ден мора да се ожени.

„Како пристоен човек, мора да го сторам тоа еден ден“ одговори Путин, но не откри која би можела да биде неговата идна невеста.

Путин го праша новинарот дали тој е женет, а кога тој му одговри дека е во брак, Путин се пошегува: „Тој е женет и сака јас да бидам добро исто така“.

Приватниот живот на Путин останува една од најдобро чуваните тајни, за што тој неволно и кратко одговара на прашања поврзани со неговото семејство. Тој беше во брак повеќе од 30 години, поточно од 1983 година, со Људмила Путин, квалификуван лингвист од Санкт Петербург. Во 2013 година тие објавија дека се разведуваат.

Неговата поранешна сопруга тогаш рече дека тоа била заедничка одлука, како и дека додека биле во брак едвај се гледале еден со друг. Путин е првиот руски претседател кој се развел додека е на функцијата

Треба да знаете
Последни објави