Розовата боја не постои

Заборавете на фламингото кое го видовте како стои на една нога. Заборавете на розите кои ги гледате додека одите на работа и заборавете на шеќерната волна, бидејќи розовата боја не постои. Барем не на начинот на кој мислите.

Замислете го спектарот на бои. Веднаш ќе ги забележите црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, виолетовата. Но, каде е розовата?

За разлика од повеќето бои кои ги сретнуваме во секојдневниот живот, розовата не можеме да ја претставиме со само еден зрак светлина. Таа не баш црвена и со сигурност не е виолетова. Наместо тоа, розовата е комбинација од неколку светлосни бранови.

Линеарен спектар на бои

Ако гледате во розова гума за џвакање, вие не гледате во бранови со розова светлина кои допираат до вашето око, туку сте сведоци на игра на природата која ги комбинира белата и црвената светлина (како и помали количини на неколку други бои), кои мозокот потоа ги спојува и го претвора во розова боја.

Значи, ако розевата светлина не постои во природата, дали тоа значи дека розовата не е боја?

„Секако дека розовата е боја. Но, розовата светлина не е дел од светлосниот спектар. Таа се нарекува екстра-спектрална боја и мора да се помешаат неколку светлини за да се создаде“, објаснува  експерт за теорија и психологија на боите.

Доколку се задржуваме кон правилата на електромагнетниот спектар, тогаш точниот термин за розовата би бил „нијанса на црвено“. Како што можете да видите на сликата погоре, нашата перцепција на бои не е толку едноставна како линеарниот спектар и таа вклучува и нијанси добиени преку комбинирање на две или повеќе бои.

Со додавање на нијанси од други бои на црвената, бојата се осветлува. Како што ја поместуваме оваа боја кон сината, добиваме различен квалитет на бојата. Овој квалитет се нарекува „розово“.

Треба да знаете
Последни објави