СДСМ: Институциите активно спроведуваат мерки за решавање на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо да го решева дополнително го поттикнуваше преку криминални политики со кои го уништуваше зеленилото и ја загрозуваше животната средина и здравјето на граѓаните, истакнаа од СДСМ.

Наспроти таквото неодговорно однесување на ВМРО ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, општините, министерствата, Град Скопје и надлежните институции спроведуваат низа мерки што имаат за цел да обезбедат почист воздух и поздрава животна средина за сите.

Повеќе пари од Буџетот на Град Скопје се одвојуваат за заштита на животната средина. Во споредба со минатата година, за следната година има за една третина повеќе одвоени пари.

За над 50 милиони денари се зголемуваат и средствата за изградба на нови паркови и унапредување на зеленилото.
Истовремено, обезбедени се 527 прочистувачи на воздух за сите 23 средни училишта на територија на град Скопје. Само со оваа мерка на околу 22 илјади средношколци им е овозможен почист воздух во секој училишен ден.

Во тек се активностите и за реализацијата за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.
За таа цел, во Буџетот на Република Македонија за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1.1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.
Набавката на 40 еколошки автобуси, субвенциите за електрични автомобили и вградувањето на систем на ТНГ за останатите возила, субвенциите за печки на пелети како еколошки начин на загревање на домовите и уште со многу други мерки се очекува 50 отсто намалување на загадувањето за две години во град Скопје , а 30 – 50 отсто на ниво на држава.

Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје и надлежните институции на локално и национално ниво продолжуваат со мерките кои имаат за цел да стават крај на деценискиот проблем со аерозагадувањето, додаваат од владеачката партија.

Треба да знаете
Последни објави