Трамп му испрати писмо на албанскиот премиер Еди Рамa

Американскиот претседател, Доналд Трамп им се заблагодари на албанскиот премиер Еди Рами за протерувањето на иранскиот амбасадор и уште еден дипломат поради наводна вмешаност во нелегални активности кои ја загрозуваат стабилноста на земјата.

Трамп во писмото до Рама изразил благодарност за „постојаните напори за спротивставување на Иран и нивните дестабилизирачки активности и напорите да ги замолчат дисидентите низ целиот свет”, објави АП.

Албанија синоќа објави дека протерала двајца ирански дипломати поради наводни нелегални активности кои ја загрозувале безбедноста на земјата.

Треба да знаете
Последни објави