Тринаесет најголеми грешки на Епл во 2018 година

Епл е една од најголемите, највредни и омилени технички компании во светот, но 2018 година не беше најдобра за неа.

Оваа година компанијата направи неколку грешки и не внесе иновации во производството со брзина и квалитет како претходните години. Тоа влијаеше и на нејзиниот рејтинг.

Бизнис Инсајдер забележа 13 најголеми грешки на Епл во 2018 година

  1. Ги зголеми цените речиси на сите свои производи.
  2. Го уништи неговиот најмал и најевтин мобилен телефон Ајфон ЅЕ.
  3. Во продажба излезе првиот ХоумПод звучник, кој покажа колку е далеку зад Гугл и Амазон.
  4. Септемврискиот настан на Епл на кој ја претстави новата генерација на своите апарати беше еден од најлошите во историјата на промоциите на Ајфон.
  5. Имињата на новите Ајфони се лошо осмислени.
  6. Ајфон ХЅ не е подобра верзија од минатогодишниот Ајфон Х.
  7. Преубавиот, редизајниран Ајпед про и понатаму има проблем со фрустрирачките ограничувања.
  8. Големиот четиридневен шопинг настан на Епл за „црниот петок” целосно беше неуспешен.
  9. Новиот Мекбук Ер на Епл не е целосно редизајниран како што многумина очекуваа.
  10. IOS 12 не се разликува многу од IOS 11.
  11. Сири, виртуелниот асистент на Ајфон, се уште не е најдобар и потребна му е доработка.
  12. Една од најнапредните нови функции во IOS 12 е тешка за наоѓање, користење и разбирање.
  13. На пазарот не се појавени новите слушалки ЕрПодс.
Треба да знаете
Последни објави