Моника Белучи има ново 18 годишно помладо момче
Славната италијанска актерка Моника Белучи (54), по разводот од сопругот, француски актер Винсент Касел, долго време го криеше својот приватен живот, но конечно, медиумите го дознаа новото момче на убавата актерка: тоа е 36-годишниот уметник Николас Лефевре.
Новата љубов на Моника поседува уметничка галерија во Париз, а од претходната врска има шестгодишна ќерка.
И покрај фактот дека Моника и Николас ја започнаа врската летоска, гласините велат дека тие не се далеку од венчавка. Ова, наводно, го изјавиле блиски пријатели на Моника.