Шведскиот „Стејтмант фестивал“ кој се промовира како најголем светски фестивал за жени, родно небинарни личности и трансродни жени, шведскиот правобранител го прогласи за виновен за полова дискриминација, пишува „Гардијан“.
Фестивалот прв пат е одржан во август во Гетеборг, по успешната кампања во склоп на која беа собрани околу 52.500 евра, а истрагата за можно кршење на законот за дискриминација започнала во јули.
„Иако организаторите на фестивалот не го спроведувале правилото – без мажи, со оглед дека не правеле разлика меѓу полот при нивниот влез на фестивалот, изјавите кои ги давале во пресрет на фестивалот обесхрабриле некои групи луѓе да присуствуваат на настанот, прекршувајќи го со тоа законот кој забранува полова дискриминација“ја објаснил одлуката шведскиот правобранител задолжен за прашања за дискриминација.
Тој заклучил дека никоја на претрпел штета поради ограничувањето кое го наметнал фестивалот, поради што нема да има казни за никого.