Американски сенатори предложија резолуција за кризата во Азовското Море

Група од 41 американски  сенатори, предводени од Рон Џонсон и Ричард Дурбин, предложија резолуција во Сенатот на САД, со која се иницира спроведување меѓународна операција во Црното Море, наречена „Слободна пловидба” и се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2″.

Во долументот се посочува дека овие мерки претставуваат одговор на „агресивните дејства на Русија во Керченскиот Теснец и во Азосвкото Море”.

– САД и сојузниците треба брзо да реагираат на воената агресија на Русија. Морската операција треба да обезбеди безбеден премин од Црното во Азовското Море, се вели во резолуцијата.

Еден од авторите на резолуцијата изјави дека светот треба „заеднички да ги запре руските напади на демократијата и суверенитетот на Украина”.

– Рускиот напад врз украинските бродови е ескалација на конфликтот и ние треба да одговориме и ќе одговориме со сила, изјави друг сенатор.

На 25 ноември три украински воени бродови пресретнати и зпленети од страна на руска погранична патрола при обид да влезат во Керлинскиот Теснецц, со образложение за „незаконско навлегување на територијалните води на Русија. Членовите на екипажите на трите пловила беа приведени и им е одредена мерка притвор, која истекува во јануари.

Како реакција на ова, Киев воведе воена состојба во 10 погранични региони на Украина и забрани влез во земјата на Руси на возраст од 16 до 60 години.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Александар Турчинов, во интервју за Би-Би-Си изјави дека украинската војска продолжува со обидите за преминување на Керченскиот Теснец.

Ваквата одлука тој ја нарече „принципиелна”, бидејќи, според него, во спротивно Русија „ќе успее во намерата да го окупира Азовското Море и де факто да ја легализира окупацијата на Крим”.

Треба да знаете
Последни објави