„Дизни“ обвинет за колонијализам поради фразата „хакуна матата“

Повеќе од 50.000 луѓе потпишаа петиција со која ја обвинуваат компанијата „Дизни“ за колонијализам и неетичко присвојување, бидејќи со патент ја заштила свахили фразата „Хакуна матата“, пишува британски „Гардијан“.

Значењето на оваа фраза е „без проблеми“ на свахили јазикот што се говори во Источна Африка и е мајчин јазик во Кенија, Танзанија, Уганда и Конго.

Петицијата, која ја повикува компанијата „Дизни“ тој термин да не се користи за комерцијални цели, доѓа откако компанијата најави римејк на анимираниот филм „Кралот лав“ кој треба да излезе следното летоа, а за кој гласовите ќе ги позајмат Бијонсе, Дени Гловер и други познати актери и славни личности.

Терминот бил популаризиран од страна на кенискиот бенд „Them Mushrooms“, чиј платинест сингл Jambo Bvana ја содржи фразата.

„Дизни“ фразата ја искорсти во првата верзија на приказната за кралот лав во 1994. година, а песната „Хакуна матата“ е напишана од страна на Елтон Џон и Тим Рајс.

Девет години подоцна, „Дизни“ го заштити и го патентираше изразот како заштитен знак и дел од брендот.

Шелтон Мпала, кој ја започна петиција, ја обвини компанијата за присвојување.

„Диззи не може да направи заштитен знак од нешто кое компанијата не го измислила“, напиша тој.

Професорот Кимани Нјогу, кој предводи работна група што се занимава со креативни прашања во економијата, смета дека употребата на овој термин за комерцијални цели не е етичка.

„Големите компании на северот ги користат културните добра на Африка за да заработат пари. Тие многу добро знаат дека овој термин е културно наследство, дел од културата на цел еден континент“, додава тој.

Треба да знаете
Последни објави