Кога надвор е студено сакаме да консумираме топла храна, како домашна супа или чајче кое ќе нè згрее. Но, постојат и други намирници кои ќе ја зголемат циркулацијата во организмот и ќе нè стоплат.
Науката докажа кои намирници навистина можат да нè стоплат во зима.
1. Кафе
Високата содржина на кофеин го стимулира метаболизмот и го охрабрува телото да согорува енергија, така што се загрева. Најдобро е да го консумирате кафето без шеќер и млеко бидејќи брзо се разградува во телото, намалувајќи го нивото на шеќер во крвта.
2. Ѓумбир
Можеби го додавате ѓубмирот како зачин во храна, но кога станува збор за загревање на телото најдобро е да го консумирате свеж. Слични ефекти ќе добиете и со свеж морков или репа.
3. Кикирики
Поради високата содржина на витамин б3, кој ја поттикнува циркулацијата и го забрзува метаболизмот, кикириките брзо ќе ве згреат бидејќи содржат масти и многу протеини. Можете да ги грицкате низ текот на целата година, особено помагаат кога температурите се ниски.
4. Студена вода
Можеби звучи чудно, со оглед на тоа што во зима пиеме чај за да се стоплиме. Но, студената вода има обратен ефект. Кога пиеме топол чај нашата базална температура се обидува да ги поништи ефектите од топлата напивка, што значи дека внатрешната температура на телото ќе биде пониска кога ќе испиете топла шолја какао. Студената вода има спротивен ефект бидејќи внатрешната температура на телото се зголемува за да го поништи ефектот од студениот напиток.
5. Мелена лута пиперка
Ефектот на потење од консумирање лута мелена пиперка се случува благодарение на хемикалија која се наоѓа во неа, а која ќе ве стопли.
6. Алкохолот не помага
Кога ќе се напиете капка алкохол имате чувство дека топлината ви се спушта до стомакот, но всушност крвта се повлекува од екстремитетите. Можеби краткорочно ќе ви биде топло, но алкохолот спречува на подолго време да се стоплите, со што се зголемува ризикот од хипотермија.