Каевски: Законот за млади ќе ги штити нивните права и интереси

Законско решение за млади е потребно бидејќи тоа ќе ги штити нивните права и интереси и ќе овозможи регулација на младинските прашања, порача денеска директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски на конференцијата „Зошто Закон за млади во Р.М.” организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија.

Тој ја потенцираше волјата на институциите кон креирање решение кое ги задоволува барањата на сите засегнати страни, како и отворениот и инклузивен процес.

-Преку овој процес даваме пример за тоа како младите и институциите можат да седат заедно на иста маса и да одлучуваат за потребите и приоритетите во младинскиот сектор, бидејќи  тоа е вистинскиот начин за креирање на квалитетни младински политики, истакна Каевски.

Очекувањата се на почетокот на следната година да се усвои предлог текст за Закон за млади, кој преку широк консултативен процес ќе се претстави пред младите, а по прочистување на текстот истиот ќе се пушти во Собраниска процедура.

Треба да знаете
Последни објави