Канада ги предурпеди граѓаните да не патуваат во Босна и Херцеговина

Министерството за надворешни работи на Канада во своите редовни препорки за патувања, ја окарактеризира Босна и Херцеговина како опасна и небезбедна земја.
Во воведниот дел предупредуваат на криминалот, неозначени мински подрачја и на неексплодирани убиствени средства во селските и планинските подрачја.

Во делот кој се однесува на безбедноста, канадските власти предупредуваат, граѓаните доколку патуваат во БиХ, да останат на главните патиша и тротоари, да избегнуваат напуштени објекти и да патуваат само дење, а посебно внимание е посветено на крадците на паричници и разбојниците, кои крадат чанти во големите урбани подрачја, пренесува Кликс.ба.

„Странците се честа мета. Избегнувајте истакнување на накит. Чести се провалите во куќите и во автомобилите, особено во Сараево. Можете да бидете мета особено во ноќните клубови и кафулиња во раните утрински часови“ се наведува во предурпедувањето.

Треба да знаете
Последни објави