Пораките откриле како наставничката го одвела својот ученик во кревет: Би дала отказ за да можам по цел ден…

27-годишна наставничка го намамила својот 13-годишен ученик на сексуални односи преку текстуални пораки.

Текстуалните пораки кои што ги објави полицијата откриваат како 27-годишната наставничка, инаку омажена, Британи Замора од Аризона, го намамила својот 13-годишен ученик на сексуални односи во училница и автомобил, пренесуваат американските медиуми.

Замора била уапсена во март оваа година, но се уште нема конечна пресуда за целиот случај. Таа се изјаснила дека не е виновна за повеќе точки од обвинението, меѓу кои и секусални односи со малолетник и злоставување на дете.

Сепак, полициските документи укажуваат на тоа дека наставничката започнала да му испраќа текстуални пораки деновите кога не била во училиштето. Родителите на момчето дознале што се случува дури кога ги виделе експлицитните пораки и фотографии на неговиот мобилен телефон.

Самата наставничка им рекла на учениците да ѝ пишуваат пораки додека не е во училиштето за да не ѝ биде досадно. Момчето открило дека пораките меѓу нив двајца станале „прилично напнати“ и не знае како се случило сето тоа.

Замора му испраќала пораки како што се „О мој Боже, те сакам“, а тој ѝ враќал слични пораки. Во една од пораките, таа напишала: „О мој Боже, ти си така сладок, душо. Би сакала да можеше да останеш подоцна со мене“, на што момчето одговорило: „И јас исто, би сакал да можеме да се дружиме кога ќе посакаме“.

Покрај тоа, Замора на момчето му испраќала и експлицитни фотографии. После една порака во која што момчето ѝ вели дека сака повторно да има секс со неа, Замора му одговорила: „Знам душо. Те сакам секој ден без временско ограничување“ и „Ако би можела, би дала отказ и би имала секс со тебе по цел ден“.

Родителите на момчето откриле дека откако биле пронајдени експлицитните пораки, Даниел Замора, сопруг на Британи, ги притискал да не го пријават случајот во полиција.

Сепак, родителите телефонски се слушнале со Британи, а таа им се извинила и им рекла дека ќе даде отказ. Според полицискиот извештај, кога ја прашале зошто се случиле сексуалните напади, Замора рекла: „И јас го поставувам истото прашање… едноставно се зближивме“.

Треба да знаете
Последни објави