Предолгото работно време, во новото истражување е поврзано со поголем ризик за дијабетес од типот 2.
Научно списание објави податоци собрани од околу 222.000 испитаници од Европа, САД, Јапонија и Австралија.
Испитаниците се следени во просек меѓу седум и осум години.
Се покажало дека работната недела подолга од 55 часа кај физички работници е поврзана со 30 отсто поголем ризик од дијабетес тип 2, во однос на работната недела која трае меѓу 35 и 40 часа.
Истото се однесувало и на слични послабо платени работни места со понизок социекономски статус, предупредуваат истражувачите.
Вооченото зголемување на ризикот било присутно без оглед на останатите фактори како пушењето, возраста и дебелината.