Двојка од Србија крадела во „Луј Витон“ во Милано

Италијанската полиција уапси српски државјанин на возраст од 29 години, кој е осомничен дека се обидел да ја опљачка продавницата со луксузна облека „Луј Витон“ во Милано, во вредност од 16.000 евра. Полицијата сè уште го бара неговиот соучесник, додека тој е фатен на дело.

Маж и жена, од српско потекло, дошле во трговскиот центар „Галерија Виторио Емануеле”, каде што има продавници со брендирана облека. Двојката влегла во познатата продавница Луј Витон и почнала да ги разгледувана работите. По некое време, на обезбедувањето на касарната им станало сомнително однесувањето на српските граѓани бидејќи цело време буричкале по работите“, според италијанските медиуми. Осомничените потоа виделе дека полицијата им е на трага.

Тие сакале да излезат од бутикот, но обезбедувањето ги чекало на вратата. Тогаш Србинот го удрил едниот чувар в лице и почнал да бега! Двојката веднаш се разделила, но полицајците кои беа во близина успеаја да го совладаат Србинот и да го уапсат, додека неговиот соучесник успеа да избега, објавија медиумите.

За време на претресот на осомничениот, пронајдени е стока во вредност од 16.000 евра

Треба да знаете
Последни објави