Во преполната сала на Општина Бутел денеска беше извршена јавна презентација на основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски,,.
Презентацијата на проектите беше реализирана од страна на професорките од Факултетот за архитектура и дизајн на Американ колеџот од Скопје: Виолета Бакалчев и Викторија Еремеева Наумовска, кои се овластени проектанти на ,,БХ Архитектс,, – Тетово и ,,Монт Импекс Инженеринг,, – Скопје.
Во оваа пригода градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека ќе добиеме две нови современи градинки кои се проектирани согласно потребите на децата, кои ќе имаат кино сала, театар, базен и. т. н. Ова ќе бидат првите две градинки не само во Општината, туку и во Македонијакои кои ќе бидат проектирани и изградени според најсовремени стандарди, додаде градоначалникот Смилевски.