Постариот брат на Меган Маркл, Томас ги негира обвиненијата дека ја претепал својата вереница Дарлен Блоут и дека ѝ се заканувал со оружјето, а обвинението го изнесе нејзината роднина Кристин.
“Тој се претвара во лудак кога ќе почне да пие. Јасно е зошто Меган не сака да има контакт со него”, раскажа вереничката на полубратот на Меган Маркл.
Познато е дека Меган и нејзиниот брат не зборуваат уште пред војвотката да се омажи за Хари, бидејќи тој го присилувал принцот да ја откаже нивната венчавка.
“Нашето семејство е многу повеќе од неговото однесување и начинот на кој се однесува кон неговата вереница. Пред еден месец имала модринка на окото поради него”, рекла Кристин.
“Ова за што ме обвинуваат не е вистина. Вистина е дека Дарлен и јас имавме свои подеми и падови, но и понатаму сме пар кој многу се сака. Покрај тоа, сè уште сме верени”, рекол Томас за Дејли Стар.