Косовец и Албанка фатени со фалсификувани документи

На 20.12.2018 година во 17.40 часот на Граничен премин – Аеродром Скопје на излез од РМ, се пријавил да патува Л.Д.(27) од  Косово и при извршена проверка утврдено било дека француската лична карта која ја поседува лицето била фалсификувана.  Лицето е приведено за понатамошна постапка.

На 20.12.2018 година во 17.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје на излез од РМ се пријавила  да патува B.A.(26) од Р.Aлбанија и при проверка констатирано било дека истата користи  туѓа патна исправа. Подоцна кажала дека се вика С.П.(21) од Косово. Приведена  е за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави