Шапуриќ: „Дрекселмаер” од домашни добавувачи годинава набавил стока за рекордни 12 милиони евра

Менаџментот на компанијата  ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер на средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима Зоран Шапуриќ изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави нови инвестиции во државата.

Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, овој странски инвеститор во 2018  година оствари раст и го зголеми своето производството за околу 13 проценти.

Набавките на Дрекселмаер од македонските компании, се посочува, оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра во денарска противвредност и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар. Компанијата која во моментов вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници.

Шапуриќ, се додава, истакна дека определбата на Владата е да ги поддржува странските инвестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции што ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните компании.

Тој истакна, дека со мерките за економскиот раст на Владата годинава отпочна да се реализира и финасиската подршка за инвестции и за домашните компании.

Треба да знаете
Последни објави