Британскиот актер Џејсон Стејтам (51) ќе се венча со 20 години помладата манекенка и модел Роузи Хантингтон-Вајтли (31). По осумгодишната врска, двојката ќе го каже судбинското „да“ на Свети Валентин, пишува „Дејли мејл”.
Минатата година двојката го доби синот Џек Оскар (1), а сега врската конечно ќе ја крунисаат со брак. Свадбената церемонија ќе биде во нивната луксузна вила во Лос Анџелес, и тие сè уште не знаат кои ќе бидат гостите.
Стeјтам и Роузи се сретнаа на снимањето на „Трансформeри” во 2010 година, а шест години подоцна тие одлучија да се свршат. Тој ја запроси Роузи со прстен вреден 243.000 фунти. Фановите дури мислеа дека двојката тајно се венчала минатата година.