Американски ветеран од воената авијација, кој создаде Интернет страница за донации за да помогне во изградбата на ѕид на американско-мексиканската граница, кој го планира Доналд Трамп, досега собрал неколку милиони долари.
Брајан Колфаж ја создал страницата GoFundMe оваа недела и до денеска собрал 11 милиони долари. На страницата е објавено дека има за цел да собере една милијарда долари.
Во изјава објавена на донаторската страница Колфаж тврди дека ѕидот може да биде изграден ако секој кој гласал за Трамп, донира по 80 долари.
Колфаж, кој е ветеран со ампутирани две нозе и една рака по повреда во војната во Ирак во 2004 година, истакнува дека се поврзал со администрацијата на Трамп за тоа каде да ги испрати парите.Тој засега не одговара на новинарски прашања за коментар.