Дедо Мраз почина среде претстава во градинка во Русија
Дедо Мраз, кој енергично танцуваше и трчаше на бината со деца во градинка во Русија, среде претстава се струполи на земјата и почина.
Децата се смееја и трчаа кон него мислејќи дека станува збор за дел од претставата. Актерот Валери Титенко, кој го играл Дедо Мраз, претрпел фатален срцев удар.
Воспитувачите од градинката ги повлекле децата од бината, а човекот итно бил пренесен во болница во Кемерево, но починал по пат, соопштиле лекарите.