Овој петок ни носи брза и релативно краткотрајна промена на времето.
Облачно утро и пооблачно претпладне, кое попладне ќе се разведри. Ова се прогнозите за денеска а има и мали шанси за слаб замрзнат дожд.
Утрото е со температури под нулата а максималната дневна ќе достигне 2°С и 5°С во најголем дел од населените места низ земјава. Малку потопло, со максимална околу 7°С, се очекува во гевгелиско – дојранскиот крај.
Скопскиот крај се разбуди со тмурно и облачно време кое попладне постепено ќе се разведрува. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст – сабота од 4 до 11, недела од 6 до 13 степени.
Температура ќе има минимална вредност околу -4°С, а максимална вредност околу 4°С.