Елизабета Чингаровска ја призна вината за „Талир“ и доби условна казна

Поранешната претседателка на комисијата за хратии од вредност и директорка на Државниот пазарен инспекторат,  Елизабета Чингаровска ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со специјалното јавно обвинителство, објави makfax.com.mk.

Судот денеска ја осуди на две годишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните 5 години не стори ново кривично дело. Чингаровска беше последнообвинета во случајот „Талир“ за перење пари во кој за првпат и ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинето за незаконското финансирање на партијата. Освен Чингаровска во овој случај се обвинети нејзините сопартијци, Никола Груевски, потоа Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски, Леко Ристоски.

„Чингаровска беше последнообвинета за случајот и таа не знаела од каде потекнуваат парите кои влегувале во партијата. Од тие причини таа ја призна вината и се спогоди се специјалното јавно обвинителство“, потврди нејзиниот адвокат Дејан Павлоски.

Треба да знаете
Последни објави