Зошто бебињата често се будат навечер?

Многу дечиња имаат проблеми со спиењето или со пречестото будење. Понекогаш детето не може да заспие без присуство на блиска личност, а најчесто заспива на раце или додека цица.

Но, и кога ќе заспие по некое време се буди со плачење и повторно бара заспивање на истиот начин. Ситуацијата се повторува секоја ноќ, а родителите стануваат очајни.

Во просек, сите се будиме седум пати во ноќта и постои верување дека станува збор за природен механизам на заштита со кој на кратко се проверува дали сè е во ред и дали може да продолжиме со спиењето.

Кога детето ќе ви заспие на раце и кога ќе успеете со измама да го ставите во креветче, при првото будење тоа ќе види дека нешто не е во ред, (не е во раце) и тоа е доволно да се разбуди. Следното заспивање ќе биде потешко бидејќи ќе се плаши повторно да не го измамите.

Што треба да направите?

1. Одлучно ставете го детето во креветче, без двоумење со кое ќе му покажете на детето дека се плашите од неговото плачење.

2. Во текот на ноќта кога ќе се разбуди нека го слушне вашиот глас, но немојте да го земате во прегратка.

Ноќни стравови

Понекогаш децата се будат среде ноќ и почнуваат силно да плачат. Станува збор за ноќни стравови, појава која на прв поглед изгледа драматично, но не е знак на болест. Децата не се сеќаваат на овие настани кога ќе се разбудат.

Треба да знаете
Последни објави