Кога непријатниот мирис е знак на болест?

Телесните мириси се повеќе изразени кога здравјето е нарушено. Ако обрнете внимание на тоа, може навреме да го откриете заболувањето.

Телото излачува посилни мириси кога постои инфекција. На кои знаци треба да обрнете внимание? Новите, упорни и вознемирувачки телесни мириси се сигурни знаци на предупредување дека со здравјето нешто не е како што треба.

Еве на кои мириси треба да обрнете внимание:

1. Непријатен мирис од уста

Многумина сметаат дека лошиот мирис од уста е последица од лоша орална хигиена или расипани заби. Но, всушност може да станува збор за сосема нешто друго. Ако лошиот здив доаѓа од грлото можеби станува збор за габична инфекција или бактериска инфекција. Може да станува збор и за синусно заболување.

Лошиот здив може да укажува и на желудочна инфекција која води до чир.

2. Непријатни гасови

Секоја бактериска инфекција на дигестивниот тракт првенствено се одразува на лоша столица и гасови, а ако забележите некаква промена одете на лекар.

3. Силен вагинален мирис

Кога имате некое воспаление во телото може да се случи вашиот интимен дел да мириса на риба или на нешто благо. Инфекција на вагиналниот дел може да предизвика силна миризба, а од тоа може да дојде до чешање, иритација и болки.

Треба да знаете
Последни објави