Мис Универзум критикувана во родната земја: Не личиш на Филипинка!

Наместо да биде гордост на нацијата, мисицата со мешано филипинско и шкотско потекло се соочи со критики во родната земја дека не личи доволно на Филипинка.

Очигледно, нејзините карактеристики на бела жена многу луѓе на Филипините ги потсетува на колонијализам.

„Оваа Мис Филипини мене ми личи на убава бела жена со добар тен. Овие меѓународни избори за убавина ги промовираат и форсираат карактеристиките на бела жена како ‘златен стандард’ за убавина“, напиша еден корисник на Twitter.

Зошто ова толку им пречи на Филипинците? На пример, не сите мисици од Ирска имале црвена коса.

Според весник, се работи за општествено прашање што е многу подлабоко од површната убавина.

Филипините беа шпанска колонија 330 години, потсетува Франческа Ајала, стратег за содржина која работи во Хонгконг, а израснала во Манила. Земјата подоцна беше окупирана од САД, а доби независност дури во 1946 година.

Белците беа доминантни во оваа азиска земја со векови и важеше „правилото“ дека ако си белец, припаѓаш на горните слоеви на општеството.

„Перцепцијата е дека ако имаш посветла кожа значи дека потекнуваш од побогато семејство, дека си навикнат на полуксузен живот. Тој менталитет не може да се смени преку ноќ“, објаснува Ајала.

„Класата е поврзана со бојата на кожата. Те гледаат од високо ако имаш потемна кожа“, вели друг корисник.

Тој додава дека многу продавници за козметика во Манила нудат производи за избелување на кожата и ветуваат дека со нивно користење „ќе имате кожа како богаташите“.

Темната боја на кожата на Филипините уште во голема мера се поврзува со работничката класа и тешката физичка работа.

Победата на Греј не е прва контроверзност на изборот за Мис Универзум: во 2000 година победничката Лаура Дута од Индија предизвика ист тип на критики поради нејзините евроазиски црти. Дита има мешано индиско и британско потекло.

За некои луѓе, ова е тема за која вреди да се спори.

Мајкл Хант, социолог од Јужна Кореја, ја критикува глобалната опсесија со тоа „да се изгледа како припадник на белата раса“ и повикува на отпор против доминацијата на европските стандарди за убавина, но не објаснува како точно да се изведе тоа.

Треба да знаете
Последни објави