Унгарија почна голема модернизација на вооружените сили во рамките на која ќе купи 44 нови тенкови и 24 хаубици од германската компанија Krauss-Maffei Вегман (KMW), пишува магазинот IHS Janes.
Договор меѓу Министерството за одбрана на Унгарија и KMW бил потпишан во средата во Будимпешта, пренесува Janes. Унгарците за најновите варијанти на 44 тенкови „Леопард 2A7 и 24 самоодни хаубици PzH 2000 одвоија 565 милиони долари.
Нарачката на тенковите следи само една недела откако Унгарците нарачаа 16 повеќенаменски хеликоптери H225M произведени од Ербас, чија цена е поголема од 20 милиони по летало.
Големата воена набавка е дел од планот на претседателот Виктор Орбан за модернизација на вооружените сили, кои делумно се уште се потпираат на советска опрема.
Па така копнената војска има само 34 Т-72 тенкови во активна служба, додека 130 се во резерва. Воздухопловните сили се подобри, бидејќи располагаат со 14 повеќенаменски борбени авиони JAS 39 C / D Грипен.