Десетина патишта во североисточната шпанска област Каталонија утрово се блокирани од радикалните сепаратисти, кои протестираат поради планираната седница на шпанската Влада во Барселона.
Блокирани се магистралните патишта кои од Каталонија кон Франција и кон Мадрид, како и патиштата во Барселона.
Демонстрантите носат транспаренти „Министрите надвор”.
Радикалните активисти од Комитетот за заштита на Републиката го организираат затворањето на патиштата, повикаа да се одржи протест и пред дворецот каде ќе се одржи седницата на Владата на Шпанија.
Додека сепаратистичката асоцијација АНС побара блокада со автомобили во Барселона.
Двете организации заедно со ушѕе 20 сепаратистички движења синоќа протестираа под мотото „Да го собориме режимот”.
Протестите во Барселона се во спротивност на вчерашниот договор помеѓу шпанскиот премиер Педро Санчез и каталонскиот лидер Ким Тора за изнаоѓање на решение за политичката криза која трае од минатогодишниот неуспешен обид на Каталонија да се отцепи од Шпанија.
По состанокот на Санчез и Тора во Барселона, нивните влади издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на „посветеност кон ефикасен дијалог кој води до политички предлог који би имал поддршка од голем дел од каталонското општество” и се додава дека членовите на двете влади се договориле повторно да се сретнат во јануари.