Кошаркарите на Клиперс ја победија екипата на Далас Маверикс во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес со 125:121 и со тоа го најавија излезот од кризата, прекинувајќи ја низата од четири последователни порази.
По изедначувањето во првата четвртина, домаќините почнаа да играат значително подобро и по прекинот добија предност од 11 поени.
Сепак, во продолжението Маверикс беа значително подобри и постепено ја намалуваа предноста на противникот.
Следеше драматична завршница во која на гостите им недостигаше сила за пресврт и го претрпеа четвртиот последователен пораз.
Најдобар во победничкаа екипа беше Данило Галинари со 32 поени и шест скокови, а добра партија имаше и Лу Вилијамс со 26 поени и осум асистенции.
Во гостинската екипа најдобар беше Лука Дончиќ кој оствари рекорд во кариерата. Постигна 32 поени на кои додаде и пет асистенции.
Поддршка имаше само од Џеј Џеј Баре кој постигна 19 поени и имаше осум асистенции.
Клиперс со синоќешната победа ги надминаа Сан Антонио Спарс и сега се на шестото место во Западната конференција на НБА лигата.
Маверикс останаа на 11-тата позиција.
Синоќа имаше уште еден драматичен натпревар, во кој Мајами Хит ги совладаа Хјустон Рокетс со 101:99.