Минатиот понеделник во Нион беше одржана ждрепката за осмина-финалните парови од Лигата на шампионите, а актуелните шампиони за противник ја добија екипата на Ајакс.
Сепак, деновиве новинар, изнесе тешки обвинувања и порача дека ждрепката била наместена по налог на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Тој истакна дека од лица многу блиски со претседателот на Кралевите, добил „инсајдерски информации“ дека Флорентино Перез пред неколку дена извршил притисок врз челниците на УЕФА за Реал да добие поволен противник во осмина-финалето.
Сепак, новинарот не можеше со конкретни докази да ги поткрепи своите тврдења, а од Реал се уште се немаат огласено после ваквите обвинувања.