Скопје вечерва е меѓу десетте најзагадени градови во светот
Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на осмо место во светот според загаденоста. На оваа страница рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.
Корисниците на апликацијата „Мој Воздух“ може да забележат дека нивото на ПМ10 честички во возухот во Скопје вечерва е неколкукратно над дозволената граница.
Мерењата презенитрани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажаа во „11 Октомври“ каде околу 21 часот присуството на ПМ10 честички изнесуваше 406 mg/m3.
Освен главниот град, загадено и во Тетово каде што мерната станица покажува 212 ПМ10 честички на метар кубен. Во Миладиновци 196, Струмица 355, Кавадарци 292, додека најзагадено е во Битола 527 ПМ10 честички на метар кубен.