Снимил огромна топка како паѓа кон Земјата: Сите мислеле дека се вонземјани, но тогаш се огласиле од НАСА

Аматерски фотограф,  снимил необична огнена топка која изгледа како да паѓа кон површината на Земјата.

 „Oгнената сцена“ ја снимил во Холи Хил во американската сојузна држава Флорида во 7 часот наутро по локално време.

„Никогаш не сум видел вакво нешто“, изјави фотографот кој набрзо видеото го објави на социјалните мрежи и побара мислење од луѓето да објаснат за што станува збор.

Некои сметаа дека станува збор за дожд од метеори, а имаше и луѓе кои што сметаат дека станува збор за вонземјани. Со оглед на тоа што видеото се прошири на социјалните мрежи и стана вирално, истото го забележале од американската вселенска агенција НАСА.

„Станува збор за трага од авион која што е осветлена од сонцето кое што изгрева. Двете линии се јасен доказ за тоа“, истакнале од НАСА.

Гоуван кој очигледно беше задоволен од одговорот на американската вселенска агенција, на социјалните мрежи напиша: „Беше баш големо, но овие од НАСА се паметни“.

Треба да знаете
Последни објави