Страотен грабеж на аптека: Работничката ја влечеле по подот, и се заканувале со пиштол
Американска полиција објави снимка од бескрупулозниот грабеж во американската сојузна држава Џорџија.
Надзорните камери на 7 декември снимија како тројца вооружени мажи влетуваат во аптека, и се закануваат на работничката со пиштол, ја влечат по подот и бараат да го отвори сефот.
Украле поголемо количество лекови и после тоа побегнале со црн „форд таурус“ со лажни таблички. Полицијата ги замоли сите граѓани кои нешто знаат за разбојниците да се јават во локалната полициска станица.