Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја поздрави денеска одлуката на САД да ги повлече своите трупи од Сирија.
Тој додаде дека САД би требале да го координираат повлекувањето со Анкара.
Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по телефонскиот разговор со американскиот колега Доналд Трамп одлучил да ја одложи на неопределено време планираната нова операција во Сирија.
– Разговорите со Трамп не натераа да го одложиме за извесно врем,е почетокот на операцијата источно од реката Еуфрат, истакна Ердоган, додавајќи дека тој и американскиот претседател имаат исто мислење за многу прашања поврзани со Сирија.
Според него, „Турција не претендира за било каква територија во Сирија, но не планира да направи отстапки во врска со прашањето за гарантирање на сопствената безбедност”.
Турција и САД, кои се сојузници во НАТО, долг период се во спор околу Сирија, каде Вашингтон ги поддржуваше борците од редовите на сириските Курди.