Уште една фотографија на чудовиштето од Лох Нес

Британскиот  туристички водич Рики Филипс тврди дека го снимил фамозното чудовиште од шкотското езеро Лох Нес и објави слика од тоа.

Прво се појави чуден звук, како кога некој дише низ маска. Исто како Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите”. Имам искуство во едрењето, па знам кога во водата плива делфин, фока или нешто друго. Ова што го видов не е налик на ниеден познат вид, а личи на птица, уверува Филипс.

Една од првите фотографии од чудовиштето, направена во 1934 година, според стручни лица, е фалсификат.

Насетувајќи ги сомнежите и обвинувањата за нов фалификат, водичот вели дека ако сакал да лажира, ќе направел суштеството да личи на нешто друго, а не на птица.

Треба да знаете
Последни објави