Во ноќен клуб во катната гаража „Солунски Конгрес“, дошло до инцидент.
Како што соопшти полицијата, неколку лица, под дејство на алкохол, го нарушиле јавниот ред и мир, поради тоа што не им бил дозволен влез во ноќниот клуб. Лицата почнале да фрлаат шишиња и чаши кон вработените во обезбедувањето на објектот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.