Јапонската Влада одобри рекорден буџет за одбрана, зголемен за 12 проценти во следните седум години со цел Токио да може да му спротистави на растечката воена моќ на Кина во Источно Кинеско Море и да се заштити од заканата на севернокорејските балистички ракети.
Буџетот за финансиската година, што почнува на 1 април 2019 година, ќе биде зголемен за 1,4 проценти на 5,26 трилииони јени (48 милијарди американски долари).
Во буџетот е предвидено и купување на два американски надземни системи за противракетна одбрана, кои можат да пресретнат балистички ракети во Вселената. За тоа се одвоени 176 милијари јени (околу 1,6 милијарди долари), а за 68 милијари јени (610 милиони долари) ќе купи шест авиони ловци Ф-35.
Во следните седум години предвидено е да се купат и помодернми авиони ловци Стелт