Џејсон Стeјтам планира свадба на Свети Валентин

Британскиот актер Џејсон Стејтам (51) ќе се венча со 20 години помладата манекенка и модел Роузи Хантингтон-Вајтли (31). По осумгодишната врска, двојката ќе го каже судбинското „да“ на Свети Валентин, пишува „Дејли мејл”.
Related image

Минатата година двојката го доби синот Џек Оскар (1), а сега врската конечно ќе ја крунисаат со брак. Свадбената церемонија ќе биде во нивната луксузна вила во Лос Анџелес, и тие сè уште не знаат кои ќе бидат гостите.

 

Стeјтам и Роузи се сретнаа на снимањето на „Трансформeри” во 2010 година, а шест години подоцна тие одлучија да се свршат. Тој  ја запроси Роузи со прстен  вреден 243.000 фунти. Фановите дури мислеа дека двојката тајно се венчала минатата година.

Треба да знаете
Последни објави