Бројот на смртни случаи кај бездомници во Британија покачен за 24%

Најмалку 600 безомници во Англија и Велс починале во 2017 година, соопштува Бирото на државна статистика на Британија (ОНС).

Бројот на смртни случаи се покачил за 24% во последните пет години, а најголема стапка на смртност е забележана во Лондон и северозападниот дел на земјата.

Повеќе од половина од смртните слулаи во 2017 година биле последица на предозирање со дрога, алкохолно труење и самоубиство.

Според една добротворна организација за бездомници, оваа година во Британија се очекува и до 24 000 лица да ги поминат Божиќните и новогодишните денови на улици, во автомобили и шатори.

Последните бројки ќе ѝ помогнат на владата во своите мерки да стави крај на бездомништвото.

„Никој не треба да го помине животот на улица или без свој дом“, велат од ОНС.

„Секој смртен случај е премногу за нас и е просто неприфатливо за нас да гледаме како животи згаснуваат на овој начин“, додаваат од ОНС.

Просечната возраст на починатите била 44 години кај мажите и 42 кај жените, додека пак остатокот од популацијата просечната возраст е 76 години кај мажите и 81 кај жените.

Треба да знаете
Последни објави