Наместо живот СДСМ донесе црнила. Ветуваа почист воздух, а истиот никогаш не бил позагаден од сега, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
„Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот и тоа во последните два месеци. Струмица, Битола, Тетово, Кочани и другите градови ширум државата се исто така со голема количина на загаденост на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е неколкукратно над дозволеното. Додека граѓаните се гушат, мерки не презема ниту централната, а ниту локалните власти, едните играат игри на мобилен, а другите спијат во собрание. Има пари за сѐ, само за здравјето на граѓаните не“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека се трошат еден милион и шесто илјади евра на лубриканти, над седумстотини илјади евра за цвеќиња и лубриканти, двесте и шеесет илјади евра за украсување, а ниту денар за аерозагадувањето.
„Заев е човекот кој одеше од град во град викајки ајро, ајро, ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземе власта, две години потоа ништо од ветеното, но сега Заев наместо од опозиција ги лаже граѓаните од позиција на премиер. Државата и граѓаните не смеат да страдаат заради нечии политички игри. Правото на чиста животна средина и чист воздух е право на секој граѓанин, а обврска за владата. Повикуваме власта веднаш и безусловно да го рестартира проектот за целосна гасификација на Македонија“, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ повика в сабота на протестен марш во Прилеп