Како гром од ведро небо одекна веста дека од Манчестер Јунајтед му врачиле отказ на португалскиот стратег, Жозе Мурињо.
Во клупското соопштение стоеше веста дека Мурињо ќе го наследи привремен менаџер кој ќе биде на клупата до крајот на оваа сезона, а потоа ќе се бара перманентно решение, а и така се случи со ангажманот на Оле Гунар Солскјер.
Но, како дошло до овој момент, Мурињо токму пред Нова Година да добие отказ од клубот кој го води две години. Претседателот на клубот, Ед Вудворд решил лично од фудбалерите да се увери за односот со нивниот тренер и одржал таен состанок со играчите.
Токму на тој состанок го ставил Мурињо на дневен ред за гласање, кој е за и кој против тренерот. Сите фудбалери гласале за негово одење од клубот, а само двајца фудбалери гласале за негово останување. Тоа биле Немања Матиќ и Ромелу Лукаку, но сепак не биле доволни за останување на Мурињо.