Просечната нето плата исплатена во октомври 24.817 денари

Просечната нето-плата исплатена во октомври изнесувала 24.817 денари и била повисока за 6,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, зголемувањето се должи пред сѐ на покачувањето на платите во секторот Рударство и вадење на камен,  Информации и комуникации и Преработувачка индустрија.

Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на септември е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Административни и помошни услужни дејности и Други услужни дејности.

Просечната бруто-плата по вработен во октомври изнесувала 36.488 денари.

Треба да знаете
Последни објави